Категории

Билтен

Изјава за приватност

Почитуван кориснику!

Оваа изјава за доверливост на податоците е наменета за Вас, за да знаете зошто и како ќе ги користиме Вашите податоци. Ве молиме, пред да почнете да ја користите интернет-страницата www.blesok.mk односно www.blesok-shop.mk, прочитајте внимателно!
Со пристапот и користењето на нашата интернет-страница, потврдувате дека во целост сте ги прочитале и сте ги разбрале упатствата за заштита на приватноста и дека се согласувате со сите услови за доверливост на податоците и за нивното користење од наша страна, како и со начините на користење на интернет-страницата. Доколку имате какви било прашања или нејаснотии во врска со правилата поврзани со доверливоста на податоците, Ве молиме, пред да почнете да ја користите интернет-страницата www.blesok.mk односно www.blesok-shop.mk , да ни испратите е-порака на е-адресата: info@blesok.mk 
Доколку не се согласувате со наведените услови, Ве молиме да ја напуштите нашата интернет-страница!


1.Давање изјава за заштита на податоците

Оваа изјава за доверливост на податоците се однесува на податоците на крајните корисници на нашата интернет-страница, собрани и зачувани во базите на податоци на интернет-страницата www.blesok.mk односно www.blesok-shop.mk и на Културна установа Блесок од Скопје.
Културна установа Блесок, како сопственик и давател на услуги на интернет-страницата www.blesok.mk односно www.blesok-shop.mk ќе ја штити Вашата приватност додека сте приклучени (online) на нашата веб адреса.

2. Измена и дополнување на Изјавата за доверливост и нејзино стапување на сила
Како даватели на услугата, имаме право оваа изјава за доверливост на податоците да ја измениме во секое време и истата да стапи на сила со објавување на изменетиот текст на нашата интернет-страница.
Секој корисник на www.blesok.mk односно www.blesok-shop.mk е должен, пред секое отпочнување со користење на оваа веб-страница, добро и во целост да ја разгледа страницата, посебно во делот кој се однесува на изјавата за доверливост на податоците, за да може безбедно да ја користи во интерес на обезбедувањето и на доверливост на неговите податоци. Продолжувањето на користењето на нашата интернет-страница од страна на корисникот, ќе го сметаме како согласување и прифаќање во целост на измените и дополнувањата на Изјавата.

3. Видови собрани информации и користење на собраните информации
Зависно од тоа за каков вид на активност се работи, www.blesok.mk односно www.blesok-shop.mk и Културна установа Блесок ќе прибира и ќе заштитува два вида информации за сите корисници на нашата интернет-страница и тоа: (1) лични податоци за корисникот и (2) дополнителни податоци за идентификација на корисникот.

3.1. Лични податоци за корисникот
Личните податоци за корисникот се информации за идентификација на корисникот согласно Законот за заштита на лични податоци (име и презиме, датум на раѓање, единствен матичен број...).

3.2. Дополнители информации за корисникот
Дополнителните информации за корисниците се оние информации кои ќе ги побараме при вклучување на корисниците во одредени активности на нашата интернет-страница, како што се: отворање на кориснички профил; нарачување и користење на нашите производи и услуги; учествување во наградни игри спонзорирани од наша страна или од страна на нашите деловни партнери; објавување содржини и/или објавување текстови на форуми; објавување коментари; праќање повратни информации од наша страна или од страна на нашите партнери; вклучување (учество) во анкети; барање информации за нашите услуги; пријавување на огласи за работа; ставање видео записи или потпишување на посебни понуди од трети лица и слично.
Вклучувањето во вакви активности е дадено како опција. Меѓутоа, доколку се одлучите да се вклучите во некоја активност, можеме од вас да побараме да ни доставите некои лични информации, како што се име и презиме, адреса (вклучувајќи поштенски број), е-адреса и телефонски број.
Кога како корисник на нашата веб-страница ќе нарачувате производи и услуги, од Вас ќе треба да ги добиеме и бројот на Вашата кредитна картичка, кодот за авторизација, датумот на важност на картичката и други неопходни информации за безбедно да ја извршиме услугата што ја побарувате. Во зависност од тоа за каков вид активности/побарувања сте се одлучиле, некои од бараните информации за Вас ќе мора да бидат задолжителни, а некои доброволни.
На корисникот-побарувач за вклучување во некоја конкретна активност за која се неопходни задолжителните податоци, а тој нема да ги достави, нема да му биде дозволено вклучување во бараната активност.
Некои од личните податоци за идентификација на корисникот, нашата веб страница ќе ги користи во взаемна корист: и за збогатување на понудата и побарувачката од трети лица на производите и услугите што ги нуди корисникот на нашата интернет-страница, но и за подобрување и на нашите огласувачки и промотивни активности.
Ако како корисник на нашата интернет-страница на нашата служба за корисници ѝ испратите е-порака со коментар, Вашиот коментар би можеме да го објавиме на нашата страница, во делот за наменет за огласување. Aко на нашата интернет-страница испраќате информации или нудите производи на други личности, должни сме да ги зачуваме Вашите лични податоци и личните податоци на лицата во чие име настапувате.
Можеме да ги користиме контакт информациите на таа друга личност како би му/ѝ овозможиле да го прегледа и прифати Вашиот подарок или би му овозможиле на тој примател пристап до информациите кои Вие сте ги побарале, а ние сме ги испратиле. Личните идентификациски информации можеме да ги користиме за воспоставување контакт со Вас, почитување на договорот со Вас, вклучувајќи ги Условите за користење и Изјавите за доверливост на податоците на нашите интернет страници, разрешување на евентуални проблеми, почитување на соодветните закони и соработка со надлежните органи за спроведување на законите.

4.Изјава за гаранција и ограничување на одговорноста
КРАЈНИОТ КОРИСНИК СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВОЈ САЈТ Е ИСКЛУЧИВО НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ. НИТУ КУЛТУРНА УСТАНОВА БЛЕСОК, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И ВРАБОТЕНИTE, ДЕЛОВНИTE СОРАБОТНИЦИ, И ПОДРУЖНИЦИ, КАКО И ТРЕТИТЕ ДАВАТЕЛИ НА УСЛИГИ НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА НЕМА ДА БИДЕ ПРЕКИНАТА (без оглед на причината за прекинот) ИЛИ ДЕКА ЌЕ БИДЕ БЕЗ НИКАКВА ГРЕШКА. КУЛТУРНА УСТАНОВА БЛЕСОК НЕ ГИ ГАРАНТИРА РЕЗУЛТАТИТЕ, ТОЧНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ, СИГУРНОСТА И/ИЛИ СОДРЖИНАТА НА КОЈА БИЛО ИНФОРМАЦИЈА, УСЛУГА ИЛИ СТОКА ПОНУДЕНИ И ОБЈАВЕНИ ОД ТРЕТИ ЛИЦА ПРЕКУ ОВАА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦА.
КУЛТУРНА УСТАНОВА БЛЕСОК И ТРЕТИТЕ ЛИЦА НЕМА ДА СНОСАТ НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЕВЕНТУАЛНИТЕ ШТЕТИ (од кој било вид) КОИ МОЖАТ ДА НАСТАНАТ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА ИЛИ ПРИ НЕЈЗИНА НЕДОСТАПНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ, ПРИ МОЖНИ ПОВРЕДИ ПРИЧИНЕТИ ОД БИЛО КАКВИ ПРИЧИНИ, ГРЕШКИ, ПРЕКИНИ, ДЕФЕКТИ, БРИШЕЊА, ДОЦНЕЊА СО РАБОТА ИЛИ ПРЕНОС, ПРЕКИНИ НА КОМУНИКАЦИСКИТЕ ВРСКИ, ПРОМЕНА ИЛИ ЗЛОУПОТРЕБА НА ЗАПИСИТЕ, КОМПЈУТЕРСКИ ВИРУСИ, КРАЖБИ, УНИШТУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ИЛИ НЕОВЛАСТЕНИ ПРИСТАПИ, РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ, ИЛИ ЗА КОИ БИЛО ДРУГИ ШТЕТНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА НЕПРЕЧЕНО И ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА.
КРАЈНИОТ КОРИСНИК КАТЕГОРИЧНО ПОТВРДУВА ДЕКА СЕ СОГЛАСИЛ СО ТОА ДЕКА КУЛТУРНА УСТАНОВА БЛЕСОК НЕ СНОСИ НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕСООДВЕТНО, НАВРЕДЛИВО ИЛИ ПРОТИВЗАКОНСКО ОДНЕСУВАЊЕ НА НЕКОИ КОРИСНИЦИ ИЛИ ТРЕТИ ЛИЦА И ДЕКА РИЗИКОТ ОД ШТЕТАТА КОЈА МОЖЕ ДА НАСТАНЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ТАКВОТО ОДНЕСУВАЊЕ ВО ПОТПОЛНОСТ Е НА ТОВАР НА КРАЈНИОТ КОРИСНИК.
КУЛТУРНА УСТАНОВА БЛЕСОК И СИТЕ ПОГOРЕ НАВЕДЕНИ ЛИЦА И СУБЈЕКТИ НЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ И ШТЕТИТЕ КОИ МОЖАТ ДА НАСТАНАТ СО ПОСТАВУВАЊЕТО ИЛИ ОСТРАНУВАЊЕТО НА КАКВА БИЛО СОДРЖИНА ИЛИ ИНФОРМАЦИЈА НА ОВАА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦА ОД СТРАНА НА КОРИСНИК, ПРЕТПЛАТНИК ИЛИ НЕОВЛАСТЕН КОРИСНИК.
КУЛТУРНА УСТАНОВА БЛЕСОК ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ИЗМЕНА, БРИШЕЊЕ ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА КОЈА БИЛО СОДРЖИНА ЗА КОЈА ЌЕ ОЦЕНИ ДЕКА Е НЕСООДВЕТНА.

 


Social Login


Нови наслови

» Во моментов нема нови наслови

мобилна верзија