Категории

Билтен

Начини за плаќање

Можете да одберете неколку начини за плаќање:

  • online со платежна картичка (Maestro, Master, Visa) на глобално ниво, преку системот CaSys;
  • online со PayPal – за земји кои се дел од PayPal системот и во валути прифатени од PayPal. Сите валути во нашата книжарница се прифатени од PayPal, освен македонски денар (МКД);
  • со банкарска и со поштенска уплатница, или преку про-фактура – само во Македонија. Доколку уплатата не биде извршена во рок од три работни дена, нарачката ќе биде поништена и избришана од системот.

Достапните начини за плаќање соодветствуваат на избраната локација и валута.

Безбедно online плаќање со платежна картичка

Начинот на плаќање преку интернет е многу едноставен.

При првото најавување, купувачот креира свое корисничко име и лозинка за да изврши нарачка и плаќање на книгите. При плаќањето преку CaSys или PayPal, купувачот е пренасочен кон соодветната безбедносна веб страница креирана за ваков тип на купување и на таа заштитена страница внесува податоци за својата платежна картичка / сметка. По извршената трансакција, купувачот повторно се пренасочува кон „Блесок книжарница“.

За плаќањето преку CaSys, Блесок има склучено договор со УНИ банка АД Скопје.

Технички и безбедносни аспекти на електронското плаќање преку CaSys

Блесок на својата интернет книжарница има креирано интерфејс кој откако купувачот е конектиран на интернет продажното место, го води низ процесот на разгледување и нарачување на книги. Во моментот на плаќање купувачот се пренасочува кон заштитена страница на банковниот Процесинг центар, на која се внесуваат податоци за платежната картичка (број на картичка, датум на важење на картичката, cvv). Откако обработката на трансакцијата ќе заврши, купувачот повторно се пренасочува кон нашата книжарница. На тој начин Блесок нема увид во доверливите податоци, со што е ослободен од дополнителна одговорност за чување на доверливи податоци за платежната картичка.

За е-commerce услугата, УНИБанка има имплементација на 3D Secure технологија, која подразбира дополнителни методи на аутентификација (МasterCard Secure code, Verified by Visa) на имателите на платежните картички. Со имплементацијата на 3D Secure технологијата се штити и Трговецот во процесот на купување од евентуалната можна злоупотреба на платежните картички што се поминуваат преку неговото интернет продажно место.

Освен наведеното, имплементирана е и друга безбедносна мерка, 128Bit SSL која е потребна во комуникацијата помеѓу Купувачот и Процесинг центарот.

Плаќање со банкарска и со поштенска уплатница, про-фактура

Доколку немате платежна картичка, или ако не можете да плаќате на интернет со платежната картичка која ја поседувате, можете да уплатите со банкарска уплатница (образец ПП-10) или со поштенска уплатница (образец П-15), која можете да ја добиете и пополните во најблиската пошта.

Ве молиме, на уплатницата наведете го бројот/кодот на нарачката.

банкарска уплатница, образец ПП10 - кликни за да зголемиш во нов таб/прозорец поштенска уплатница, образец П-15 - кликни за да зголемиш во нов таб/прозорец

Овој начин на плаќање го третираме како пред-нарачка за физички лица односно про-фактура за правни лица; автоматски се испраќа е-порака со инструкции за плаќање преку банка или пошта, по што следи дополнителна проверка за конечна потврда на нарачката. Откако ќе се потврди реализираното плаќање или по испратен документ за реализирано плаќање (скен или фотографија) на shop@blesok.mk, ја испорачуваме нарачката.


мобилна верзија