Категории

Билтен

Често поставувани прашања

Како да нарачам?

Под секоја книга која е достапна за нарачка, стои копче „Во кошничка“. Со кликнување на тоа копче, книгата ќе биде додадена во Вашата кошничка.

Каде е мојата кошничка?

Вашата кошничка е во горниот десен агол. Со кликнување, ќе Ви се отвори содржината на кошничката.

Како да платам?

Кликнете „Плаќање“ во Вашата кошничка која се наоѓа во горниот десен агол. Изберете валута во која сакате да платите (изборникот се наоѓа на врвот од страницата), и адреса на која сакате да Ви се испорачаат книгите (делот за испораката е неважен ако купувате само еКниги). Доколку не сте отвориле сметка, ќе треба да го сторите тоа пред да можете да платите. Овде можете да ги погледнете начините за плаќање.

Зошто морам да се регистрирам за да платам?

Регистрацијата (отворање сметка) е дел од функционирањето на системот. Не можеме да процесираме нарачка доколку ги немаме Вашите основни податоци (име и презиме, е-адреса и адреса). За сигурноста на Вашите податоци гарантираме и со нашата Изјава за приватност. Доколку не сакате да ја читате целата Изјава за приватност, кусата содржина е следна: нема, во никој случај и на ниеден начин, да ги споделиме или објавиме Вашите лични податоци.

Зошто се еКнигите толку евтини?

Затоа што сакаме да го промовираме овој начин на објавување и читање. Од 1998 наваму не се збогативме од оваа работа, веројатно нема да се збогатиме ни во иднина ☺

Што е zip формат, како се отвора?

Zip форматот е компресирана архива. Се отвора со повеќе програми, меѓу кои e и бесплатниот 7zip. Откако ќе ја преземете zip архивата која ги содржи сите три формати од еКнигата, распакувајте ја на локација кон која подоцна лесно можете да пристапите (на пр. Desktop).

Зошто zip архивата содржи три различни формати? Кој да го одберам?

Zip архивата ги содржи форматите epub, mobi и azw3; ова се трите најраспространети формати. За да Ви понудиме колку што е можно поголема флексибилност, Ви ги нудиме сите три формати. Изберете го оној кој е соодветен за Вашиот еЧитач.

Како да ги читам еКнигите?

Постојат многу бесплатни еЧитачи:

  • За десктоп машини и лаптопи, срдечно го препорачуваме Calibre: нуди најдобро читање од сите еЧитачи кои ги тестиравме! А не тестиравме малку на нашите машини! Calibre е бесплатен во верзии за Windows (32 и 64 bit), OS X, и Linux. И, да – многу често добива надградби! Линк за преземање: http://calibre-ebook.com/
    Откако сте презеле и инсталирале Calibre, треба да ги додадете еКнигите во библиотеката. Кликнете на "Add books" во горниот лев агол од прозорецот на Calibre. Потоа, од распакуваната zip архива изберете го форматот на еКнигата која сакате да ја додадете. 
  • Доколку ова Ви се чини компликувано, можете да користите и Adobe Digital Editions, за форматот epub. 
  • За android уреди
  • За iPad и iPod

Дали се еКнигите заштитени со DRM?

 Не! Сите наши еКниги се достапни без DRM (Digital Rights Management), што значи дека можете да ги читате на повеќе уреди, без ограничувања. Затоа што им веруваме на нашите читатели исто како што и тие ни веруваат нам.

Доколку имате други прашања, контактирајте со нас.


Social Login


Нови наслови

» Во моментов нема нови наслови

мобилна верзија