Категории

Билтен

Купидона и други драми Цела големина

Купидона и други драми

Собрани драми од Срѓан Јаниќијевиќ, еКнига, на македонски.

Приредила Јелена Лужина.

За да ви се преврти умот. Нежно како ракавица.


Повеќе детали

By buying this product you can collect up to 5 loyalty points. Your cart will total 5 points that can be converted into a voucher of 5 ден..


Купувачите кои го купиле овој наслов, купиле и:

ISBN 978-9989-59-593-6

Дополнителни содржини:
– Предговор од приредувачката
– Белешка за авторот


Кажано сосема поедноставено: драмата е дејство што сега – токму сега, додека ние гледаме! – интензивно го извршуваат неговите ликови. Кои, за да дејствуваат, мора и да се движат, и да зборуваат, и да размислуваат поинаку од „хартиените“ прозни субјекти. За да ги направи такви, да ги задоволи овие важни предуслови, драмскиот автор мора успешно да ги совлада трите клучни занаетчиски вештини: поинаку да го обмисли/структурира самото дејство, прецизно да ги дефинира ликовите што тоа дејство ќе го „одработат“ и – можеби најважно – на тие ликови да им ги напише конзистентните и ефикасни реплики кои навистина ќе бидат драмски/дејствени а не литературни/раскажувачки. Јаниќиевиќ се вбројува во она драгоцено малцинство македонски драматичари кои сите три вештини ги владеат беспрекорно. Таквите обично ги нарекувам „драматичари со тешка рака“. Само таквите умеат а) да мислат бргу, б) во лет да смислуваат акции (дејства) што ќе бидат очудени, изводливи и функционални дури и тогаш кога ќе мораат да се редуцираат само на неколкуте најбитни мигови, в) прецизно да ги профилираат ликовите кои ќе бидат лесно препознатливи, впечатливи и дејствено ефикасни, г) на тие ликови да им „обезбедат“ директни и јасни реплики, артикулирани во кратки и брзи реченици и д) сето ова да го „потурат“ со важни и точно дозирани количества хумор, иронија, тага, радост, критичност, цинизам, откаченост, мудрост, лудост…
Читајте ги овие пет драми на Срѓан Јаниќиевиќ и барајте го во нив барем нешто од сево ова. Вреди!

(од предговорот на приредувачот проф. д-р. Јелена Лужина)

  • Јазик: македонски
  • Формати на документи во zip-от: epub | mobi | azw3
  • Големина на zip документот (MB): 5.33

мобилна верзија