Категории

Билтен

Да даде Господ мајка да те роди Цела големина

Да даде Господ мајка да те роди

Роман од Ведрана Рудан, еКнига, на македонски. 

Превод од хрватски: Игор Исаковски.

Повеќе детали

By buying this product you can collect up to 5 loyalty points. Your cart will total 5 points that can be converted into a voucher of 5 ден..


Купувачите кои го купиле овој наслов, купиле и:

ISBN 978-9989-59-591-2

Дополнителни содржини:
– Био-библиографска белешка
 

Во својот роман „Да даде Господ мајка да те роди“ Ведрана Рудан продолжува со подробното скандализирање на хрватската (и не само хрватската!) јавност. Оваа авторка со специфична дарба за непрестајно вознемирување на духовите систематично се занимава со преиспитување на сè што ни се чини недопирливо и свето. А има ли нешто понедопирливо, има ли, навистина, нешто посвето, има ли, дали воопшто може да има поголемо табу од глорификуваната фигура на Мајката? Протагонистката на најновата книга на Рудан, своевидно алтер-его на авторката, е жена која живее во среќен брак, успешна е во работата, има ќерка која ја сака и која нејзината љубов искрено ја возвраќа. Значи, станува збор за зрела личност чија реалност е стабилна, мирна и пријатна, но која сепак, и во шеесеттата година, не е во состојба да ја одгатне основната дилема и прашањето кое ја следи во текот на целиот живот. Мирисот на таткото-силувач ѝ е добро познат – смрди на лук и бело вино – но каков е, поѓаволите, мирисот на мајката? Мирисот на студената, неангажирана мајка која протагонистката истовремено и ја мрази и ја сака, и која своите денови ги поминува во скап дом за старци, збудалувајќи го и семејството и персоналот со непрестајните жалби на „фантомски“ болки во коските? Одговорот на ова необично, болно прашање и самиот е необичен. Па и болен.

  • Јазик: македонски
  • Формати на документи во zip-от: epub | mobi | azw3
  • Големина на zip документот (MB): 4.16

мобилна верзија