Категории

Билтен

Белиот кловн Цела големина

Белиот кловн

Роман од Дамир Милош, еКнига, на македонски.  

Превод од хрватски: Калина Буневска Исаковска. 

Прочитајте ја книгата и поздравете го детето во себе. Потсетете се како се гледа со затворени очи, како се пронаоѓаат боите во она што е сиво.

Повеќе детали

By buying this product you can collect up to 5 loyalty points. Your cart will total 5 points that can be converted into a voucher of 5 ден..


ISBN 978-9989-59-570-7

Дополнителни содржини:
– Илустрации од Ловро Артуковиќ
– Био-библиографски белешки

Книгата „Белиот кловн“ од Дамир Милош, често наречена хрватскиот „Малиот принц“ ја има илустрирано Ловро Артуковиќ. Илустрациите се црно-бели зашто момчето од овој роман не разликува бои, а во решавањето на тој проблем му помага еден старец кого го сретнува во шума. Како и секоја добра книга за деца, и оваа е воедно книга и за возрасни. Тоа е приказна за еден подлабок далтонизам, далтонизам на секојдневието, за конформизмот на мислењето, површноста на нашите реакции. За кловнот, кој е успешен само кога е тажен и предизвикува чудење; зашто, да се зачудат луѓето стана неспоредливо потешко отколку да се предизвика нивната смеа.
Слаѓана Буковац

Момчето светот го набљудува со визура на сериозност и чудење, и единствено што може да види е потполно сивило: луѓето кои го изгубиле системот на вредности и, во брзаница да натрупаат што повеќе пари, забораваат на смеата, добрината, љубовта и убавината; гледаат сиви и валкани градски улици на кои немилосрдно брзаат безброј автомобили... А кога со помош на Старецот ја спознава сопствената боја, белата, бојата на детството и невиноста, Момчето во облека на кловн – потполно бел, само со сина солза на образот, си оди од циркусот, чекори низ светот, ги гледа луѓето и се чуди. А се зборува дека белиот кловн ќе оди низ светот сe додека околу него не живеат среќни луѓе.
Кристина Петернаи

Прочитајте ја книгата и поздравете го детето во себе. Вие како дете, со детето од приказната појдете, рака под рака, во потрага по своите бои и по оние луѓе кои ќе имаат време да ја побараат својата среќа. Потсетете се како се гледа со затворени очи, како се пронаоѓаат боите во она што е сиво.
Андреа Хрибар

  • Јазик: македонски
  • Формати на документи во zip-от: epub | mobi | azw3
  • Големина на zip документот (MB): 9.38

Social Login


Нови наслови

» Во моментов нема нови наслови

мобилна верзија