Категории

Билтен

Адам и Евелин Цела големина

Адам и Евелин

Роман од Инго Шулце, еКнига, на македонски.  

Превод од германски: Елизабета Линднер 

Доцно лето 1989 година, одмор на Балатон – одненадеж Унгарија ја отвора границата, а забранетиот Запад со сите свои примамливости е на дофат. Во оваа ситуација Инго Шулце го открива митот за Адам и Ева.

Повеќе детали

By buying this product you can collect up to 5 loyalty points. Your cart will total 5 points that can be converted into a voucher of 5 ден..


ISBN 978-9989-59-558-5

Дополнителни содржини:
– Био-библиографска белешка

Доцно лето 1989 година, одмор на Балатон – одненадеж Унгарија ја отвора границата, а забранетиот Запад со сите свои примамливости е на дофат. Во оваа ситуација Инго Шулце го открива митот за Адам и Ева. Од него настанува една голема трагикомедија за Забраната и Спознанието и за потрагата по вистинскиот рај.


Извадоци од рецензии:

„Дејството на овој роман Шулце го обликува преку брзо проследување на сцените и повеќе промени на местото, а пред сè ги остава своите ликови да зборуваат, зборуваат и повторно да зборуваат. [...] Иднината е веќе започната на крајот од овој роман, во кој е сместено многу повеќе отколку што, заради неговиот лесен начин на раскажување се мисли на прв поглед.“
Gerrit Bartels, Der Tagesspiegel

„Еден чудесно читлив и истовремено литературно комплексен роман за повторното соединување на Германија.“
„[...] Двојката од насловот на оваа книга, Адам и Евелин, цитира прамитски ликови, а Шулце повторно не сака да достави пребрз одговор за тоа дали неговите протагонисти дејствуваат правилно или погрешно, туку се обидува литературно да го опфати искуството од нивната обемна недогледна несигурност и да го конзервира за читателот.“
Uwe Wittstock, Die Welt

Адам и Евелин е беспрекорен роман. [...] И покрај тоа што оваа извонредно питко раскажана приказна ќе се прочита набрзина, таа разотвора изобилство од теми и мотиви.“
Ijoma Mangold, Süddeutsche Zeitung

Адам и Евелин е една виртуозна игра со цитати, една трагикомедија за Истокот и Западот, за рајот и гревот.“ „Инго Шулце [...] изнаоѓа дијалози чие стакато, опфаќајќи и по неколку страници, многу подобро ја разоткрива суптилната психологија на времето отколку што тоа би можело да го стори кое било наративно раскажување.“
Paul Jandl, Neue Zürcher Zeitung

  • Јазик: македонски
  • Формати на документи во zip-от: epub | mobi | azw3
  • Големина на zip документот (MB): 4.97

мобилна верзија