Категории

Билтен

Мобилен Цела големина

Мобилен

Збирка раскази од Инго Шулце, еКнига, на македонски. 

Превод од германски: Елизабета Линднер

Награда на саемот на книгата во Лајпциг (2007) 

Инго Шулце во „Мобилен“ го внесува фантастичното во реалноста и заведува со големата уметност на хуморот и на префинетата самоиронија. Човек, задоволно, на сè му верува и се вџашува.

Повеќе детали

By buying this product you can collect up to 5 loyalty points. Your cart will total 5 points that can be converted into a voucher of 5 ден..


Купувачите кои го купиле овој наслов, купиле и:

ISBN 978-9989-59-557-8

Дополнителни содржини:
– Био-библиографска белешка
– Извадоци од критиките

Инго Шулце во својата нова книга „Мобилен“ го внесува фантастичното во реалноста и заведува со големата уметност на хуморот и на префинетата самоиронија. Човек, задоволно, на сè му верува и се вџашува.
Die Tageszeitung

Во германската литература денес има малкумина писатели кои суверено располагаат со техниките и триковите на раскажувањето како Инго Шулце... Тој е виртуоз кој може да направи да му бидат својствени повеќе различни стилови и начини на пишување. Тој е, тоа го покажува и оваа книга, еден од младите мајстори на современата литература.
Die Welt

„Мобилен“ е книжевен настан: со своите тринаесет нови раскази Инго Шулце суверено покажува како е возможно и најголемата литературна рафинираност да се прикрие зад едноставниот раскажувачки тон... И овде, како и во неговата дебитантска книга, се работи за „вреднувањето на среќата“... Литературното Мајсторство на Шулце се состои во тоа да ни го разбуди сетилото за овој феномен. А, тој тоа не го прави „во стар манир“, како што навестува поднасловот, туку на сосема својствен начин, кој ја поврзува едноставноста на раскажувањето со големата уметничка умешност. Покрај замките на секојдневието, Шулце во новата книга ја поставува и најстарата, најубавата и најзамрсената замка на литературата: вечната игра меѓу реалноста и фикцијата, меѓу уметноста и животот. Низ оваа замка Инго Шулце се движи со леснотија и рафинираност, по кои човек долго би морал да трага за да ги најде во германската литература на нашето време.
Frankfurter Allgemeine Zeitung

Исполнет со лукавост, раскажувачот Инго Шулце со својата збирка раскази „Мобилен“ повторно е на врвот од својата умешност.
Die Zeit

Шулце навистина се вбројува во великаните на современата германска литература.
Frankfurter Rundschau

  • Јазик: македонски
  • Формати на документи во zip-от: epub | mobi | azw3
  • Големина на zip документот (MB): 6.98

мобилна верзија