Категории

Билтен

Чевли за доделување Оскар Цела големина

Чевли за доделување Оскар

Збирка раскази од Мелина Камериќ, еКнига, на македонски.

Превод од босански: Игор Исаковски.

Повеќе детали

By buying this product you can collect up to 5 loyalty points. Your cart will total 5 points that can be converted into a voucher of 5 ден..


ISBN 9789989595165

Кога некој ќе успее на една и пол страница да внесе тага поголема од Сибир, меланхолија погуста од мед, неколку несреќни животи и чифт блескави чевли кои врескаат и блескаат како спектаклот на доделување Оскар, но нив ги слуша само онаа што ги поседува и никој друг, никогаш повторно, тогаш се работи за ретко видено мајсторство, за приказна која трае цел живот иако не е подолга од вест на интернет, за приказната „Чевли за доделување Оскар“ од Мелина Камериќ.

Круно Локотар, уредник на Алгоритам


Она што има да го каже, таа успева да го збие, да го екстрахира, да го сублимира во кратки прозни форми, кои се толку набиени што нејзините јунаци би можеле да бидат достојни и за класичната романсиерска форма. Токму тоа умеење, на мал простор да се опфати животот во сета своја исполнетост, ѝ го обезбедува на Мелина Камериќ местото меѓу најдобрите раскажувачи на просторот на кој денес се говори јазикот кој го нарекуваме босанско-хрватско-српско-црногорски јазик.

Владимир Арсениќ, книжевен критичар за белградски Дневник


Книгата на Мелина дефинитивно е одличен прирачник од кој дознаваме на што мислат жените кога нè сакаат.

Дамир Узуновиќ, Buybook

 

Книгава ќе помести многу луѓе од место. Читање - на сопствена одговорност!

Игор Исаковски

  • Јазик: македонски
  • Формати на документи во zip-от: epub | mobi | azw3
  • Големина на zip документот (MB): 3.77

мобилна верзија