Категории

Билтен

Ни беше толку убаво! (Табу II) Цела големина

Ни беше толку убаво! (Табу II)

Роман од Сибила Петлевски (2012) 

Превод од хрватски: Игор Исаковски. 

Едиција с.р., книга 26 

Пишуван како биографски роман и семејна сага, романот „Ни беше толку убаво!“ раскажува за психоаналитичарот Виктор Тауск чиј живот е всушност психограм на дваесеттиот век.

Повеќе детали

By buying this product you can collect up to 33 loyalty points. Your cart will total 33 points that can be converted into a voucher of 33 ден..


ISBN 978-9989-59-379-6, 14x20 см., 238 страници 
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:
– Био-библиографска белешка

Во вториот дел од трилогијата „Табу“, Сибила Петлевски од сосем друг агол и на сосема поинаков начин проговорува за амблематскиот лик на fin de siècle, Виктор Тауск. Пишуван како биографски роман и семејна сага, романот „Ни беше толку убаво!“ раскажува за психоаналитичарот чиј живот е всушност психограм на дваесеттиот век. 

Вешто и непрестајно балансирајќи помеѓу стварните факти и фикцијата и играјќи си со нив, Сибила Петлевски низ Таусковиот живот ги провлекува темите кои тоа доба ги отворило, а кои се и ден-денес неизбежни – од прашањата на нацијата и верата, преку сексуалноста и смртта, па сè до слободите од сите видови. 

Во животот на Виктор Тауск, но и на неговите блиски, особено на сестра му Елка, постојано се преплетуваат еротиката и политиката, љубовта и смртта, одговорноста кон другиот и трајниот копнеж по секаков вид слобода. „Ни беше толку убаво!“ е апологија на потрагата по среќа и потребата по неа постојано да трагаме, а Виктор Тауск е една од оние стварни историски личности кои имале храброст во таа потрага да се внесат.

Social Login


Нови наслови

» Во моментов нема нови наслови

мобилна верзија