Категории

Билтен

После природата Цела големина

После природата

Избрани песни од Михаел Кругер (2012)

Превод од германски: Елизабета Линднер. 

Едиција Морфеј, книга 18 

За љубителот на искреноста се случуваат многу работи помеѓу: меѓу причината и последицата, сликата и значењето, Јас и Ти, лагата и вистината, животот и смртта. За овие меѓу-простори зборуваат и песните на Кругер.

Повеќе детали

By buying this product you can collect up to 14 loyalty points. Your cart will total 14 points that can be converted into a voucher of 14 ден..


ISBN 978-9989-59-374-1, 12x17 см., 154 страници 
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:
– Белешка за авторот

Само тривијалниот уметник на патот едноставно го наоѓа она, што како утеха сака да си го наметне себеси и на читателот. За љубителот на искреноста се случуваат многу работи помеѓу: меѓу причината и последицата, сликата и значењето, Јас и Ти, лагата и вистината, животот и смртта. За овие меѓу-простори зборуваат и песните на Кругер.
Адолф Мушк (за „Непосредно пред бурата“)

Оној кој пишува ваква поезија не седи со речници врз скутот и на работната маса“, забележа Ирис Радиш за поезијата на Кругер во Die Zeit. Стиховите на Кругер излегуваат на отворено, но и меѓу луѓе. Лириката на Кругер ги остава нештата да зборуваат, без притоа да му наметнуваат ставови на читателот.
(од поговорот кон „Под отворено небо“)

Поетските мигови и забелешки во оваа книга не сакаат ниту да го вратат сјајот на изгубениот свет од минатото, ниту пак да си ја замислат пропаста на светот од иднината. Тие се задоволни со овој свет, иако немаат доверба во она Сега.
(од поговорот кон „На чисто“)

Михаел Кругер не ја остава природата да пишува поезија, но како што се чини без напор повторно и повторно му успева да ги изнајде зборовите кои природата, светот, него самиот и нас нè доведуваат до говор. Тоа јакнее.
Зидојче Цајтунг

  • Извадок
    PDF извадок од книгата
  • Press
    Соопштение за јавноста

мобилна верзија