Категории

Билтен

Куќичка Цела големина

Куќичка

Роман од Оливера Николова (2012) 

Едиција с.р., книга 22 

Лесниот зафат во опишувањето на општествените појави го засилува наративниот тек на романот, фрлајќи поголема светлина врз интимниот живот на ликовите.

Повеќе детали

By buying this product you can collect up to 33 loyalty points. Your cart will total 33 points that can be converted into a voucher of 33 ден..


Купувачите кои го купиле овој наслов, купиле и:

ISBN 978-9989-59-364-2, 14x20 см., 238 страници 
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:
– Био-библиографска белешка

Седмиот роман на една од најистакнатите македонски писателки, госпоѓата Оливера Николова, едноставно насловен „Куќичка“ е потресна приказна за голем број карактери, од кои централниот лик, Зујка, е стожер на целото сиже. Авторката умешно и инвентивно „манипулира“ со својот главен лик, воведувајќи невообичаена книжевна постапка, при што на моменти Зујка добива атрибути на кукла на конец. Сепак, вештината на раскажувањето од Зујка прави полнокрвен лик кој на свои плеќи го носи целиот роман. Оваа жена има тешка и потресна судбина, која на разни начини е поврзана со судбините на нејзините блиски: Зујка страда уште од раната младост, и се чини дека никако не успева да ја оствари толку посакуваната среќа. Неможноста тоа да го постигне, дури и ја доведува во ситуација да се запраша дали воопшто сака да биде среќна. Таа е неисполнета на сите полиња: професионално, емотивно, семејно. Па сепак, Зујка не ѝ се предава на летаргијата; наоѓа начин како својот креативен архитектонски порив да го преточи во нешто кое самото по себе би си било доволно: црта куќички кои, ете, понекогаш можат да бидат и исполнети со живот и радост.

  • Извадок
    PDF извадок од книгата
  • Press
    Соопштение за јавноста

мобилна верзија