Категории

Билтен

Град во огледало Цела големина

Град во огледало

Роман од Мирко Ковач (2011)

Превод од хрватски: Катица Гароска Ацевска. 

Едиција с.р., книга 17 

Награди:
„Владимир Назор“, „Аугуст Шеноа“ и „Киклоп“ во Хрватска, „13 јули“ во Црна Гора и „Меша Селимовиќ“ во Босна и Херцеговина. 

Повеќе детали

By buying this product you can collect up to 58 loyalty points. Your cart will total 58 points that can be converted into a voucher of 58 ден..


ISBN 978-9989-59-351-2, 14x20 см., 360 страници 
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:
– Био-библиографска белешка

Оваа меланхолична семејна хроника, раскажана во прво лице, со автобиографски елементи, на извесен начин претставува простување на писателот од родниот крај: едноставно раскажано семејно ноктурно. Како фини нишки во заднината на приказната се нагласени препознатливите општествените околности од тој период. Како хроничар кој вешто и со извонредна леснотија го запишува животот на просторот што го одбележал, а пред сe односот на истовремена блискост и недоразбирање меѓу таткото и синот, Мирко Ковач во овој роман маестрално ја остварува мислата дека нашиот живот е она на што се сеќаваме, а не она што сме го проживеале.

Мирко Ковач, еден од најталентираните писатели од просторите на некогашна Југославија, како бисер во низата свои дела го напиша романот „Град во огледало“. За овој свој роман, авторот вели дека е приказна за страст, за љубов и за смрт раскажана преку едно семејство, нагласувајќи дека тоа е и автобиографија, но и фикција, без оглед на тоа што поаѓа од факти.

Романот „Град во огледало“ ги има добиено следните книжевни награди: „Владимир Назор“, „Аугуст Шеноа“ и „Киклоп“ во Хрватска, „13 јули“ во Црна Гора и „Меша Селимовиќ“ во Босна и Херцеговина.

  • Извадок
    PDF извадок од книгата
  • Press
    Соопштение за јавноста

мобилна верзија