Категории

Билтен

Дваесет и првиот, II издание Цела големина

Дваесет и првиот, II издание

Роман од Томислав Османли (2010)

Едиција с.р., книга 12

Награда „Роман на годината“, „Утрински весник“, 2009;
Македонски кандидат за наградата “Балканика“, 2010. 

Повеќе детали

By buying this product you can collect up to 33 loyalty points. Your cart will total 33 points that can be converted into a voucher of 33 ден..


Купувачите кои го купиле овој наслов, купиле и:

ISBN 978-9989-59-338-3, 14x20 см., 288 страници 
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:
– Био-библиографска белешка

Томислав Османли напишал елегантен, мистичен, интелектуално рафиниран, раскошно структуриран роман за потрагата по тајниот премин кон подоброто утре, кон подобрите места, кон вечноста која наликува на митската змија што се храни од својата опашка. Роман што воодушевува и што се чита со едно отворање на кориците.
Венко Андоновски

Што напишал Томислав Османли, за толку да нè восхити? Најкратко: нешто што во нашава литература не го направил уште никој. Еден вехементен роман за тегобниот дваесет и први век, македонски и светски, ама роман кој не е литераризиран според логиката на книжевниот текст, туку на технолошките стандарди на компјутерските игри.
Јелена Лужина

За мене Османли е еден од најдобрите домашни автори, но дури и да не се согласувате, Дваесет и првиот треба да се најде на вашата листа за читање бидејќи е храбар, сочен, полн со изненадувања и блиски слики.
Златица Петковска

Овој роман ја крева (и) нашата средина, и сите нас, повисоко горе, на рамништето на светот од дваесет и првиот век, век кој до душа не е ни малку лишен од тегобност, свет во кој сите талкаат наваму-натаму, барајќи го центарот на, како што во друг контекст вели Елијаде, „апсолутната реалност“ во себе.
Димитар Башевски

За дефинитивната одлука претежна очекувањето дека со Дваесет и првиот, со таа „книга на фантазми“ од Томислав Османли се појавува нов протагонист на највисоката платформа од македонската романескна мапа.
Науме Радичевски

  • Извадок
    PDF извадок од книгата
  • Press
    Соопштение за јавноста

мобилна верзија